Софтвер за целосна автоматизација и дигитализација на процеси
Во денешниот брз свет, на фирмите им е потребно повеќе од обичен софтвер, потребно е целосно, сигурно и безбедно решение кое беспрекорно ги интегрира сите нивни операции, со цел фирмата да ја зголеми својата успешност. КУ.ЦОМ Книговодство е напредна платформа базирана на облак, дизајнирана да го револуционира начинот на кој управувате со вашите деловни процеси.
Зошто да го Изберете „КУ.ЦОМ Книговодство?
Комплетно решение и лесен за користење
Кажете збогум на комплицираните работни процеси. Нашиот софтвер, од една страна, е многу едноставен за користење, а од друга страна е многу моќен како во автоматизација на процеси, така и во обезбедување на најдетални извештаи за менаџментот кои ќе овозможат донесување на правилни деловни одлуки. Без разлика дали управувате со задачи во одделот за човечки ресурси, изработка на плати или се занимавате со набавки, или продажба, без разлика дали сте обичен оператор или менаџер на високо ниво, нашето интуитивно решение обезбедува дека секоја функција е достапна со само со еден клик.
Достапност 24/7 од било каде во светот
Во денешниот поврзан свет, флексибилноста е клучна. Нашата платформа базирана на облак ви овозможува пристап до вашите податоци и управување со вашите процеси од каде било, во секое време. Без разлика дали сте во канцеларија, дома или во движење, КУ.ЦОМ Книговодство секогаш ви е на дофат.
Автоматко книжење во главна книга
Една од најголемите предности на нашиот софтвер е автоматски да генерира записи во главната книга за секој обработен документ. Без разлика дали станува збор за фактура, исплатница, приемница, влезни или излезни фактури, сметки, изводи или кој било друг финансиски документ, нашиот софтвер осигурува дека вашите финансиски записи секогаш се 100% ажурирани и точни, без директно учество на финансиски сметководители, што ви овозможува да се фокусирате на стратешко донесување одлуки, наместо да се грижите за точноста на вашите книговодствени записи.