Специјализиран систем наменет за Јавни установи за деца - Детски градинки во РМ за менаџирање со процеси поврзани со корисници на услуги (деца):
- Онлајн наплата на фактури преку платформата e-naplata.mk со користење на платежни картички
- Месечна пресметка на задолжувања, генерирање на електронски фактури во .pdf формат и достава на електронски адреси на корисниците
- Менаџирање на наплата преку
- Eвиденција на затварања на фактури по сите канали (e-naplata.mk, Пошта, банки, електроснко банкарство, аванси, отпис)
- Опоменување за ненавремена наплата
- Присилна наплата
- Евиденција на упис, промена на услуга и отпис на корисник - дете
Системот е иновативен и технички напреден, а се состои од повеќе засебни, но интегрирани потсистеми (десктоп и веб апликација, SQL и NoSQL бази на податоци, Виртуелен Пост Терминал на банкa(и), e-mail Server, Backup).
Истиот се развива и надоградува од 2005 година.
Ние сме лидери во сегмент на детски градинки во РМ и во моментот корисници на системот се 31 (триесет и една) градинка во РМ, и покриваме околку 50% од целиот сегмент.
Модул за прием на деца
Модул Ви овозможува брзо, едноставно и целосно дигитално водење на процес на уписи на деца во градинки преку:
- Водење на електронски Регистар на барања за упис на деца во градинка
- Генерирање / печатење на Барање за упис - онлајн или во простории на градинката
- Доставување на Барање на електронска адреса на родителот
- Генерирање и печатење на Списоци на нерешени барања за Комисија за упис
- Изготвување на Одлука за упис од Комисија за уписи
- Генерирање / печатење на Известување за прием / ставање на листа за чекање
- Доставување на Известување на електронска адреса на родителот
- Генерирање и печатење на Договори за прием на деца во градинка
- Автоматски упис на детето во Регистар на коминтенти во момент на склучување на договор
Модул за евиденција на коминтенти - деца
Модулот Ви овозможува едноставно водење и увид во Регистар на корисици (сегашни или поранешни), брз увид во досие за секој корисник во промена на услуга, отпис и повторен упис
- Лесно пребарување и увид во досие на сегашни и поранешни корицници на услуги - име, презиме, ЕМБГ, датум и место на раѓање, контакт информации (адреса, телефон, емаил), податоци за родители, како и податоци од договор (број, датум, вид на услуга)
- Увид во моментален долг за секој корисник
- Промена на услуга за корисник
- Отпишување на дете од градинка
- Повторно запишување на поранешни корисници
- Печатење на различни списоци со филтер по различни критериуми - пол, возраст, националност, група, клон, моментален долг, социјален статус итн.
Модул за фактурирање и наплата
Модулот Ви овозможува:
- Печатење на Евидентни листови за присуство на деца по групи
- Едноставно и брзо изготвување на месечни пресметки
- Генерирање на електронски фактури во .pdf формат, нивно снимање на облак, и автоматизирано испраќање на истите на електроснки адреси на родителит
- Генерирање и печатење на ПП50 налози
- Опција за онлајн плаќање на фактури преку веб страна на градинката со користење на платежни картички
- Опција за автоматско раскнижување на уплати по фактури по различни канали Изводи од Трезор на РМ (Пошта, банки, електроснко банкарство)
- Брз и едноставен увид во финансиска картица на секој корисник
- Брзо и едноставено вадење на извештаи за долгови по групи, клонови, месеци
- Автоматско изготвување и доставување на Опомени и Опомени пред тужба до корисници кои доцнат со плаќање
e-naplata.mk
„e-naplata.mk“ e платен инструмент во вид на ограничена комуникациско-информациска мрежа преку која родителите можат да ги платат фактури со помош на платежни картички
Инструментот им овозможува на родителите преку линк или QR код од електронската фактура или преку процес на најава преку Вашата web страна да пристапат во апликациајта и за помалку од 1 минута да извршат плаќање на една или повеќе неплатени фактури!
Предности за родителите
- Прием на фактури на електронска адреса
- Брзо (за помалку од 1 минута), едноставно и 100% безбедно 24/7/365 плаќање на фактури од било која локација во светот на два начина:
- Преку безбеден линк добиен преку електронска фактура
- Преку безбедно најавување преку ВЕБ страна на градинката
- Увид и симнување на фактури од претходни 2 години 24/7/365
- Увид во финанасиска картичка 24/7/365
Предности за вработените
- Значајно забрзување и подобрување на наплатата (15% од наплата се врши во истиот ден, а 40% од наплата се врши во првите 5 дена по изготвување на пресметка)
- Високо ниво на автоматизација на процеси во работење
- Олеснување и упростување работата на вработените, и голема заштеда на време (над 90%)
- Целосен, брз и едноставен увид од одговорните лица во градинка (директор, раководители на објекти итн)
- Достапеност 24/7/365 на системот од било која локација во светот преку интернет
- Секојдневно автоматско изготвување на резервна копија на податоци на локација различна од локација на нашите сервери